Хоризонтални поместувања на работното место

164

roletni

Фото: Pexels

Промените на работното место во една компанија можат да бидат хоризонтални и вертикални. Вертикалните промени, односно напредување еден степен нагоре на корпоративната скала носат поголеми одговорности и плата и почести се кај големите компании, каде напредувањето, обуките, менторството и проектите на коишто можете да се покажете се императив.

Ова го практикуваат некои корпорации, каде за да напредувате еден вработен мора да остави зад себе некој што ќе го наследи, додека во други фирми ова се случува поретко како последица на различната корпоративна клима и деловно работење. Најчесто во компаниите се комбинираат вертикалните и хоризонталните поместувања.

Во оние компании каде се напредува во согласност со стажот често е хоризонталното поместување. Овој вид на поместување значи дека работникот го менува секторот во којшто ќе работи, додека нивото на одговорност и примањата можат и да не се променат.

Додека вертикалните преместување на работното место се најчесто со задоволство прифатени, хоризонталните честопати наметнуваат двоумење.

Нов тим

Значаен фактор во одлуката за хоризонтално поместување на работното место можат да биде и колективот, односно идните колеги со кои ќе соработувате и ќе го делите работното место, како и вашиот шеф.

Ова промена може да биде и многу позитивна, но сепак не е исклучена можноста да добиете незгодни и строги претпоставени. Во секој случај, промената на тимот и опкружувањето (особено во големите компании) ќе бара од вас дополнителен труд за успешно да се вклопите во новата средина, да се докажете на работното место и слично. Доколку постои било каков проблем поврзан со горенаведеното ќе морате сами да размислите и да одлучите дали можете да се носите со самата промена или не.

Можност за развој и усовршување

Доколку ви се укаже прилика да преминете во друг сектор од компанијата, добро би било да направите мало истражување. Можеби потребата токму за тоа работно место наскоро ќе ја нема, па во тој случај најверојатно нема да се согласите на промената. Сепак голема е веројатноста да преминете во иновативен сектор, во којшто компанијата многу вложува и ваквото хоризнотално поместување да ви донесе напредок и успех повеќе од очекуваното. Токму затоа препорачливо е да дознаете што е можно повеќе за местото на кое треба да бидете.