Хотел во Дубаи обезбедува златен iPad за своите гости

83

Гостите што престојуваат во еден од најпрестижните хотели во Дубаи, луксузниот Burj Al Arab добиваат 24 каратен златен iPad што ќе служи како личен виртуелен консиерж додека трае нивната посета на хотелот.

burj-al-arab-ipad-concierge-service1Ова може да се каже дека е досега најлуксузната услуга што некој хотел ја понудил, со цел да ги привлече оние со подлабок џеб да го одберат токму Burj Al Arab како место за престој.

Секој гостин во хотелот е обезбеден со златен iPad кој што истиот може да го користи за пристап за услуги од типот на ресторан и спа мени, приватна трпезарија, батлер, услугите за хигиена и слично.

burj_al_arabs_24-carat_rose_gold_ipad

Ова не е прв пат Burj Al Arab да приреди вакво нешто за своите гости. Минатиот октомври хотелот обезбеди розови 24 каратни златни iPad-и како поддршка на светскиот месец за борба против ракот на дојка (Breast Cancer Awareness Month).

Златниот iPad, креиран од Лондонската компанија Gold & Co. со изгравирано лого од луксузниот Burj Al Arab, ќе биде достапен за продажба во хотелот по цена од 7.930 евра.

Во продажба, освен златниот iPad, ќе можат да се најдат и iPad mini, iPhone 5 како и Blackberry Q10, сите обложени со злато.