Хотел во Јапонија со Hello Kitty тематски апартмани

62

Keio-Plaza-Hotel-Hello-Kitty-Rooms-Kitty-TownХотелот Keio Plaza во Тама, Токио, по повод 40 годишниот јубилеј на познатиот бренд Hello Kitty креираше две тематски соби со ликот на познатата мачка.

Двата апартмани се со различни теми каде мачето има посебна улога. Едната од нив е Hello Kitty во градот, како посетува забавен парк и шопинг, додека другата е целосно во ликот на принцезата Кити – Princess Kitty.

Собата е опремена во розова боја, со розови панделки, рози, па дури и столчиња во форма на висока потпетица.

kitty_main_imgПо повод годишнината, насекаде низ светот се одржуваат настани поврзани со Hello Kitty. Во трговскиот центар во Shibuya Parco во Токио ќе се служат сендвичи и колачиња во форма на слаткото маче. Тајванската авио компанија EVA Air има тематски Hello Kitty летови на линиите Токио – Сеул и Сеул – Хонг Конг, каде се е во знакот на брендот, од седиштата и храната, па се до сапуните во тоалетите и стујардесите.