Хотели воведуваат тренди понуда за да го вратат профитот

122

Не е новина што пред некое време хотелите почнаа да ја менуваат намената на своите соби, односно тие станаа повеќе место за работа отколку за одмор и релаксација во слободното време.

Поради недостаток на гости, се поголем број хотели ги претвораат своите соби во т.н. отворен работен простор. За луѓето кои се уморни од работа од дома, таквата средина е добредојдена промена.

Сместувањето за работа во хотел најмногу се резервира преку апликација, а потоа се прави класичен чек-ин. Оваа опција е, патем, поповолна од изнајмувањето на одреден деловен простор (за краток период), пишува DW. 

“Хотелите се пријатно место за работа, на овој начин повторно можам да ги видам моите колеги. Ми недостасуваат кога работам од дома сама“, вели Кени Мостајо.

Креветите во собите се заменети со бироа, а самиот простор  остава впечаток на канцеларија. Поради големиот пад на резервацијата за ноќевања, менаџерите мораа да смислат нов деловен модел. Тие се надеваат дека кризата ќе отвори нови опции. “Од една страна, имаме помлади, порелаксирани гости кои престојуваат претежно во фоајето. Од друга страна, кај нас доаѓаат менаџери кои повеќе немаат канцеларија и сакаат да ја искористат можноста малку да излезат од куќата“, вели Гонзало Балсега, директор на хотелот RUI Madrid.

Во главниот град на Шпанија, околу 70% од хотелите во моментот се затворени, што значи околу две милијарди евра загуба на деловните активности. Можно е да резервирате соба за појадок, интернет и можност за печатење. Пабло де ла Хос разви апликација преку која корисниците можат да бараат разни работни простори во хотелите, во време на пандемијата.

Хотелите се принудени да се прилагодат на ситуацијата, бидејќи иднината е сè уште неизвесна.

Фото: Freepik