Хотелиерите во Црна Гора бараат пониска стапка на ДДВ

40

crna goraОд Црногорското туристичко здружение соопштуваат дека хотелиерите во Црна Гора бараат од надлежните во Владата стапката на данок на додадена вредност за сите услуги во угостителството да се намалат на 7%, со што ќе се придонесе за нивната конкурентност.

“Примената на пониска стапка на ДДВ за угостителството може да придонесе за раст на инвестициите и повеќе нови вработувања, какво што беше искуството во другите земји кои ја намалија оваа стапка”, велат од здружението, пишува Побједа.

Од здружението потсетуваат дека во поголемиот број земји во Европската унија стапката на ДДВ во просек е од 5% до 10%. Актуелната стапка за угостителски услуги во Црна Гора е 19%.