Хотелите на Трамп за прв пат под водство на човек надвор од фамилијата

43

Eric-Danziger-Trump-Hotel-CollectionОрганизацијата на могулот за недвижнини Доланд Трамп, Trump Organization за прв пат назначува извршен директор што не го носи фамилијарното име. Станува збор за Ерик Данзигер, ветеран во угостителскиот бизнис, кој ќе ја води Trump Hotel Collection, компанијата што управува со сите хотели на Трамп, јавува Блумберг.

Данзигер веќе има 40 годишно искуство во индустријата, а бил и извршен директор на многу хотелски групации вклучувајќи ја и Wyndham Hotel Group.

Самиот Доналд Трамп во неколку изјави го потенцираше задоволството од назначувањето на новиот директор со зборовите дека Ерик ќе игра клучна улога во понатамошното ширење на Трамп хотелите.

Trump Hotel Collection, чиј фокус се ултра луксузни хотели со 24 часовна услуга, започна со работа во 2007 година. Под раководство на компанијата спаѓаат 14 хотели меѓу кои Trump International Hotel & Tower во Њујорк, Trump National Doral во Мајами и MacLeod House & Lodge во Абердин, Шкотска.

Мега ланецот на хотели е во сопственост на Доналд Трамп и трите негови деца Иванка, Ерик и Донал Јуниор.