Луксузниот Four Seasons Hotel Riyadh, кој се наоѓа во главниот град на Саудиска Арабија, е последен во низата хотели кој специјално резервираше цел кат само за жени, дизајниран само за нивните потреби.
На таканаречениот Pearl Floor или Бисерен кат се наоѓаат 20 премиум и делукс соби, како и два ултра луксузни апартмани. Послугата на високиот 48-ми кат се состои само од жени, а тука се наоѓа и рецепцијата каде гостинките се чекираат по пристигнувањето.
За катот да одговара на женската сензибилност, лобито на истиот има вртени скалила, бањите се опремени со елегантни шкафчиња, а собите со фин тапациран мебел и меки постелнини од најквалитетни материјали.
Гостинките исто така имаат бежичен бесплатен интернет во секоја соба, пијачки од хотелот, сала за вежбање само за жени, спа услуги, козметичарка, производи за нега на коса и тело, јога душеци, собно мени со здрава храна и друго.