Хотелот Waldorf Astoria се продава за 1,95 милијарди долари

20

waldorf-astoria

Кинеската осигурителна компанија Anbang Insurance group за 1,95 милијарди долари планира да го купи култниот хотел Waldorf Astoria во Њујорк, пишува Њујорк Тајмс.

Овој хотел, по отворањето во 1931 година, претставуваше култно место и епицентар на голем број културни и социјална настани.

Сопственик на овој хотел е Hilton Worldwide holding, кој контролира и има франшиза на повеќе од 4.200 хотел и ќе продолжи да работи на хотелот под 100-годишен договор за управување со хотелот.