Хотелот Waldorf Astoria се затвора поради реновирање

12

astoria

Легендарниот њујоршки хотел Waldorf Astoria, по 86 години работење, ќе биде затворен најмалку две години поради реновирање.

Кинеската осигурителна компанија Anbang, којашто во 2014 година го откупи од Hilton Worldwide за 1,95 милијарди долари, ќе започне со големо реновирање од први март, а ќе трае најмалку две години. Anbang сè уште нема претставено како би изгледал хотелот, но како што пишува Business Insider поголем дел од собите во хотелот ќе бидат претворени во апартмани.

Хотелот со 1.400 соби што се наоѓа во срцето на  Менхетен е отворен на први октомври 1931 година. Набрзо по отворањето, Waldorf Astoria промовираше 24-часовна послуга, за првпат во историјата на хотелиерството.