Хотелскиот бренд Marriot го презема Starwood за 12,2 милијарди долари

3

Earns Marriott

Американскиот хотелски бренд Marriott International Inc. се согласи да го преземе Starwood Hotels & Resort Worldwide за 12,2 милијарди долари, пишува Wall Street Journal.

Ова спојување ќе значи создавање на бренд којшто ќе понуди над еден милион соби и ќе вклучи над 30 хотелски брендови во сите сместувачки сегменти.

Од вкупната вредност на договорот, 11,9 милијарди долари Marriott ќе ги инвестира во акции, а 340 милиони долари во готовина. За секоја хартија од вредност, акционерите на Starwood ќе добијат по два долари во готовина и 0,92 акции на Marriott.