House of Dior – најголемиот бутик на францускиот бренд во Сеул

55

House_of_Dior_seoul_1

Луксузот, префинетиот вкус и препознатливата мода се карактеристиките на познатиот француски моден бренд Dior. Тоа се отслика и во најновиот бутик отворен неодамна во Сеул, Јужна Кореја, пишува порталот Pusuitist.com.

House_of_Dior_seoul

“Размислував за тоа како се движат ткаенините, каков е ефектот на ткаење и поради тоа создадов фасада којашто ќе ги истражува тие елементи. Конструкцијата има чувство на движење, коешто си поигрува со светлото. Тоа беше мојата појдовна точка“, објаснува францускиот архитект Кристијан де Портзампарк.

house_of_dior_seoul_4-800x533

За дизајнот се погрижи францускиот архитект Кристијан де Портзампарк, а свој потпис на внатрешното уредување стави Петер Марино.

house_of_dior_seoul_3-800x534

Луксузниот објект се протега на шест катови, а главната инспирација за House of Dior доаѓа од високата мода на француската модна куќа.

house_of_dior_seoul_2-800x530

Дрвото, кожата и лакирани материјали преовладуваат во внатрешното уредување на овој луксузен простор.

house_of_dior_seoul_5-800x535

Во рамки на House of Dior ќе има и посебен дел за деликатеси, а слаткарот Пјер Херме подготви ексклузивна понуда за модната куќа. Може да се најдат специјалитети од различни егзотични дестинации во светот.