Hov-Hov пекара за кучиња и во Белград

94

hov hov

По Марибор, Љубљана и Загреб, неодамна и српската престолнина ја доби словенечката франшиза Hov – Hov пекара за кучиња, пишува Franchising.hr.

Компанијата NV New Professional d.o.o. од Белград е примател на франшизата Hov – Hov, што е во сопственост на Настја Вердник од Словенија.

“Потребна ни беше една недела да стапиме во контакт со Настја Вердник, чија е оваа идеја. Знаевме дека е во голем метеж, но бевме упорни, а упорноста се исплати. Кога се сретнавме, сè течеше беспрекорно, соработката ја договоривме за два дена“, објаснува Невена Васиљевиќ, примател на франшизата во Белград.

Четири месеци по потпишување на договорот, првата пекара за кучиња Hov – Hov е отворена во Белград.

Внатрешност на продавницата во целост изгледа како пекарите Hov – Hov во Марибор, Љубљана и Загреб. На влезот на локалот кучињата ги чекаат два сада со грицки, додека на полиците има повеќе од 100 видови на слатки, играчки и сапуни со висок квалитет. Поголемиот дел од печивата се увезени од Словенија.