Храна што го топи холестеролот

171

maslinovo-maslo

Фото: Pexels

Високото ниво на холестерол во крвта е најголемиот причинител за развој на срцеви заболувања. Добра вест е што истиот можете да го намалите преку внесување на одредена храна.

Мешункасти растенија

Мешункастите растенија ги има насекаде, воопшто не се скапи и се еден од најдобрите природни лекови против холестеролот. Без разлика на тоа дали се бели, кафени, шарени како шарениот грав, сојата, леќата, сите видови на мешункасти растенија се ефикасни. Протеинот во сојата значително го намалува лошиот холестерол (LDL). Тој се наоѓа во зрното на сојата, соините снегулки, млекото од соја, но го нема во сосот и маслото од соја.

Лук

Лукот го намалува холестеролот и тоа е докажано во бројни студии. Во него се пронајдени шест состојки за кои се смета дека го намалуваат лошиот холестерол и го спречуваат неговото создавање во црниот дроб. Само три чешниња лук го намалуваат нивото на LDL за 10%. Единствено, лукот во прав нема никакви корисни својства.

Маслиново масло

Освен што го намалува холестеролот, ја зголемува концентрацијата на добриот холестерол (HDL), го подобрува односот LDL/HDL и ја спречува оксидацијата на лошиот холестерол. За разлика од маслиновото масло, сончогледовото, пченкарното и соиното го намалуваат добриот холестерол.

Витамин Ц

Јаболкото, дуњата и морковот содржат големо количество на пектин, кој ја намалува концентрацијата на LDL, а ја зголемува концентрацијата на HDL. Некои истражувања покажуваат дека јаболкото е поделотворно кај жените. Цитронот, на пример, содржи галактуронска киселина која многу успешно го топи холестеролот. Сокот од цитрон не содржи корисни влакна, па за да има ефект ова овошје треба да се јаде пулпата односно целиот плод. Јагодите, лимонот, пиперката како и вкусното киви се подеднакво моќни во борбата против холестеролот, затоа што содржат многу витамин Ц.