Храна што треба да ја јадат претприемачите

92

Претприемачите работат двапати повеќе од нивните вработени, а истражувањата покажуваат дека 33% од сопствениците работат повеќе од 50 часа неделно, додека 25% од учесниците во истражувањето изјавиле дека во текот на неделата поминуваат по повеќе од 60 часа дневно

Поради големиот број обврски, стрес, притисок… експертите предупредуваат дека претприемачите претставуваат чувствителна група што мора да води сметка за исхран. Неправилната исхрана во комбинација со многу работа го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, појава на хроничен замор, хроничен стрес, различни ментални заболувања што можат драстично да го намалат квалитетот на живот и работна способност.

Затоа, експертите препорачуваат храна што мора да се најде на мените на секој претприемач кој неуморно работи за да го развие и одржува својот бизнис.

Авокадо – содржи незаситени масни киселини коишто помагаат за подобар проток на крв до мозокот. Богато е со антиоксиданси, витамини и минерали, а со неговата секојдневна употреба во исхрана се овозможува подобра работа на нервниот систем, подобра циркулација, зголемена концентрација и способност за работа.

Зелен лиснат зеленчук – во оваа група влегуваат зелка, кељ, прокељ, спанаќ… кои се одличен извор на витамин А што помага за поголема концентрација. Овој зеленчук ги подобрува когнитивните способности, подобра продуктивност и ги намалува последиците од замор.

Лук – зеленчук со големо антитоксично дејство, а помага и во ослободување на телото од различни отровни соединенија, а влијае и на намалување на крвниот притисок.

Ореви – овие јаткасти плодови се богати со омега 3 масни киселини и имаат силно дејство врз мозочните функции.

Фото: Pixabay