
Светските цени на храната останаа близу до тригодишен максимум во мај и покрај малиот пад, а житарките и шеќерот значително се зголемија, објави денес Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Индексот на цените на храната (FFPI) на ФАО, кој ги следи месечните движења на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, изнесуваше 130,8 поени, што претставува намалување од 0,2 проценти во споредба со 131 поен во април.
Индексот на цените на житарките се зголеми за 2,6 проценти во споредба со април, на 114,3 поени.











