ХРТ со нето добивка од 9,7 милиони евра

20

hrtХрватската радиотелевизија (ХРТ) во првите девет месеци оваа година остварила нето добивка од 9,7 милиони евра, што е примарно последица на рестриктивната трошковна политика и спроведување на мерки на штедење во сите сегменти на работењето, стои во соопштението на ХРТ, пренесуваат хрватските медиуми.

ХРТ во првите девет месеци од оваа година остварила вкупен приход во износ од 134 милиони евра, што поради тешката ситуација на пазарот за продажба на огласен простор е за 1,9% помалку во однос на истиот период лани. Во однос на 2012 година, за 7,1% се намалени и вкупните расходи, кои во првите девет месеци изнесуваат 125 милиони евра.

ХРТ брои 3.339 вработени.