Хрват изработува кадифени играчки според детски цртежи

207

Далибор Пупавац од Загреб изработува кадифени играчки според детски цртежи. Од кроење, шиење, испорака, сè работи сам.

“Единствена маана на оваа идеја е што производот не е евтин, затоа што се работи за уникатна рачна изработка. Од друга страна, ова е единствен ваков бизнис на овие простори и всушност немам конкуренција, што е добро. Ваквата играчка е спомен за цел живот на некој убав момент, на цртеж на малите уметници”, вели Пупавац за Пословни дневник.

Пупавац идејата ја добил пред повеќе од четири години, но ја оддолжувал реализацијата сè додека потполно не го совладал шиењето. За еден месец стигнала првата нарачка од Хрватска, а веднаш потоа пристигнувале нарачки скоро од сите страни на светот. Пупавац своите производи ги продава преку интернет, а повеќе за неговите изработки на plishplush.com.

1

7

2

6

4

5

3