Хрвати креираа платформа за “букинг“ на работници

36

Секој знае како функционираат апликациите за испорака на храна. Меѓутоа, во Хрватска, двајца млади претприемачи смислија платформа која работи на сличен начин, но преку неа нема да добиете храна, туку работа или работници. Тие, исто така, велат дека планираaт проширување на други балкански земји.

Имено, Staff е хрватска платформа која, едноставно кажано, се користи за “букинг“ на хонорарни работници. Сите работодавци на кои им е потребна помошна работна сила можат да се регистрираат на неа, а од друга страна, и сите работници кои сакаат хонорарно вработување.

“Веруваме дека нашата платформа е многу потребно решение за многу компании на кои им е потребна дополнителна работна сила на одредено време. Исто така, плаќањето и сите документи поврзани со работникот е автоматизиран “, вели за Б92. Тони Аџиќ кој заедно со Иван Абрамовиќ е ко-основач на платформата. Флексибилната резервација на работници е наменета првенствено за трговски синџири, логистички компании, угостители, хотели, индустрии за настани, компании со големи производствени капацитети, но и за сите други компании кои сакаат да ги организираат своите активности на некој поекономичен и поефикасен начин.

Во моментов, повеќето од нив се во областа на угостителството, проследено со производство и продажба. Кога станува збор за висината на заработката на работниците, тоа го одредуваат самите компании.

“Букингот на работници значително ги намалуваат фиксните трошоци за компаниите, бидејќи, во согласност со нивните потреби, тие можат да го оптимизираат бројот на денови неделно и бројот на часови дневно за кои им се потребни работници“, велат од Staff.