Хрватската ИТ компанија Nanobit станува дел од шведската Stillfront Group, една од водечките светски компании за игри, соопшти Nanobit и ги откри деталите за договорот.
Tие информираа дека Stillfront ќе купи 78% од акциите на компанијата за 100 милиони долари, а по две години ќе го купи и остатокот од уделот. Вкупната сума за која ќе се продава познатата хрватска компанија ќе биде 148 милиони долари.
“Nanobit станува дел од шведската групација Stillfront, една од водечките светски компании за гејминг во сегментот за бесплатно играње. Трансакцијата ќе се спроведе во две транши, а Stillfront првично купи 78% од акциите за 100 милиони долари. По две години, Stillfront ќе го откупи преостанатиот удел во Nanobit. Вкупната сума што Stillfront ќе ја плати на крајот на трансакцијата ќе биде до 148 милиони долари“, се наведува во соопштението на компанијата.
Stillfront е водечка компанија за бесплатни игри, која обединува 14 гејмерски студија ширум светот. Тие вработуваат повеќе од 800 лица, а главните пазари се САД, Германија, Средниот исток и Северна Африка, Франција и Канада.
Nanobit е основана пред 12 години во Загреб од Алан Сумина и Зоран Вучиниќ без капитал, без канцеларија и со само два компјутери. Денес, Nanobit е присутна со своите игри во повеќе од 150 земји во светот, вработува 125 високо образовани лица и е една од најпосакуваните хрватски работодавци. Игрите на Nanobit се преземени повеќе од 145 милиони пати вкупно, а ги играат над 10 милиони активни играчи од сите континенти на светот на месечно ниво.
Највлијателните светски медиуми долги години ја рангираат Nanobit на листата на најбрзо растечки компании во Европа.
Фото: Facebook