Хрватите најмалку купувале нови автомобили во ЕУ

30

Пандемијата на коронавирусот ја намали побарувачката за нови автомобили во Европа за една третина во првите осум месеци од годинава, додека во Хрватска е речиси преполовена, покажуваат податоците на здружението на производители АЦЕА (European Automobile Manufacturers’ Association – ACEA).

Во периодот од јануари до август, регистрирани се вкупно 6,12 милиони нови автомобили во 26 земји на ЕУ (со исклучок на Малта), 32 % помалку отколку во првите осум месеци од 2019 година.

Побарувачката на нови автомобили падна на сите четири водечки европски пазари, најмногу во Шпанија и Италија, за 40,6, односно 38,9 %. Следува Франција со пад на бројот на регистрирани нови автомобили за 38,9 %, и Германија каде потона за 28,8 %.

Според податоците на АЦЕА, во Хрватска се регистрирани 25.151 нови автомобили во периодот од јануари до август, што претставува пад од 47,9 % во споредба со истиот период минатата година, најголем меѓу земјите на ЕУ.

Во Полска регистрирани се 251 илјади нови автомобили, 31,6 % помалку отколку во истиот период минатата година.

Само во август побарувачката на нови автомобили во 26 земји на ЕУ паднала за 18,9%, со регистрирани само 769.525 нови автомобили. Тој пад е подлабок отколку во јули кога падна за 5,7%, со регистрирани малку повеќе од милион нови автомобили.

Фото: Pixabay