Хрватите штедат повеќе, но и се задолжуваат повеќе во 2024 година

Вкупните финансиски средства на хрватското население изнесуваа 106 милијарди евра на крајот од четвртиот квартал од 2024 година, што претставува зголемување од 9,6 милијарди евра или 10 проценти за една година, објави Хрватската народна банка (ХНБ).

ХНБ истакнува дека во исто време финансиските обврски на населението се зголемиле на 28 милијарди евра, што претставува зголемување од 2,7 милијарди евра или 10,7 проценти за една година, објави Index.hr.

„Овие случувања резултираа со зголемување на финансиската нето вредност на секторот домаќинства на 78,3 милијарди евра или 2,1 процент повеќе во споредба со крајот на претходниот квартал, односно 6,9 милијарди евра или 9,7 проценти повеќе отколку на крајот на истиот квартал минатата година“, се вели во соопштението.