Две пратки пиперки од Албанија се одбиени на границата со Хрватска поради присуство на остатоци од пестицидот форметанат. Првото предупредување дојде на 22 април, а второто во петок.
Инаку, форметанатот е инсектицид кој се користи во производството на овошје и зеленчук, но во ЕУ е забранет поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.
Порталот RSAFF предупредува дека во пратката на пиперки од 22 април е забележано присуство од 0,34 mg/kg – ppm пестициди, а ризикот е класифициран како „сериозен“.
Остатоци од овој пестицид, во значително помало количество (0,027 мг/кг – ппм) биле пронајдени и во петокот во пратка жолти пиперки. Се наведува дека тоа не претставува „ризик“, но пратката дефинитивно била одбиена поради присуство на остатоци од пестициди.
И двете пратки ќе бидат уништени.
Форметанат е пронајден неколку пати во овошје и зеленчук увезени од други земји. Последните случаи беа со свежи пиперки од Турција и Македонија и јаболка од Србија. Проблемот е што, за разлика од ЕУ, тој пестицид не е забранет за употреба таму, пишува Даница.хр.
Патем, форметанатот е исклучително ефикасен инсектицид кој се користи во производството на овошје и зеленчук. Многу земји сè уште го користат, но во Европската унија е забранет поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.
Форметанатот е многу акутно токсичен ако се проголта орално, умерено токсичен ако се вдишува и има ниска акутна токсичност ако се нанесува на кожата.
Фото: Pixabay