Хрватите влегувањето во ЕУ ќе го одбележат со нова монета од 25 куни

24

25 kunaХрватската народна банка (ХНБ) на 1 јули во оптек ќе пушти 20.000 монети од 25 куни по повод одбележувањето на станувањето полноправна членка на Европската унија. На монетата ќе биде прикажано саќе создадено од 27 ќелии, во кои се наоѓаат ѕвездички, симболите на земјите членки на Унијата. На овие 27 ќелии им е придадена нова, 28-ма, со која се симболизира завршниот чин на пристапување на Република Хрватска во Европската унија, пишува Пословни дневник.

Кружно внатре во прстенот ќе биде испишан текстот Република Хрватска членка на Европската унија, а во долниот централен дел ќе стои датата 1. VII. 2013.

Презентацијата на монетата ќе биде следната недела.

Од 1997 година па наваму, Хрватска десет пати издаде пригодна монета од 25 куни.