Хрватка сака да си купи стан преку crowdfunding

123

Катарина Скрбин има 25 години, доаѓа од Хрватска и како многу млади има желба за сопствен покрив над главата. За да ја исполни својата желба, таа не сака да се задолжува, да зема кредит, туку користи платформа за групно финансирање (crowdfunding), што вообичаено се користи за финансирање на некој производ или бизнис идеја.

Таа на платформата Go Get Funding бара финансиска поддршка од “само“ 80.000 евра за да си купи стан во Загреб. Смета дека ѝ е доволно 80.000 лица да одвојат по едно евро или 40.000 луѓе по две евра за да може да си ја реализира идејата, но тврди дека ова може да биде нов начин на купување стан.

Досега добила поддршка од 111 корисници кои за нејзината замисла донирале 320 евра.

Фото: Freepik