Хрватска АгроФруктус група презеде три откупни фирми за овошје и зеленчук во Македонија

151

zelencuk 123

Хрватската АгроФруктус група соопшти дека презела три откупни фирми за овошје и зеленчук во Македонија, пишува Миа.

Станува збор за фирмите Вант дооел Струмица, Еуро – агрија Ново Село и Вба Футура дооел Струмица, коишто годишно откупуваат околу 20.000 тони свежо овопје и зеленчук, со пазарна вредност од околу 6,5 милиони евра.

АгроФруктус група е сопственик на најголемиот и најмодерниот откупно – дистрибутивен центар за свежо овошје и зеленчук на подрачјето на Македонија.

“Со оваа аквизиција ќе ја зајакнеме нашата позиција на набавниот пазар и дополнително ќе ги пополниме капацитетите со проширување на сировинската база. Очекуваниот ефект е зголемување на обемот на производство, а исто така и ширење на нови пазари“, рече претседателот на Управата на АгроФруктус група, Денис Матијевиќ.

Во наредниот период најавуваат дека планираат да продолжат со активности насочени на натамошна концентрација на работа со свежо и конзервирано овошје и зеленчук преку органски раст, нови аквизиции и грин филд инвестиции.