Хрватска: Апарат за точење детергенти на мерење

52

detergenti-na-merenje-facebook

Фото: Facebook

Во хрватскиот аутлет за храна, Жабац, е претставен апарат за точење на детергенти на рефус (производите немаат стандардна амбалажа, а се продаваат на мерење), пишува Пословни дневник.

Купувачите имаат на располагање детергенти за различна намена, а може да ги добијат по цена од 0,80 до 1,08 евра за литар или килограм. Бидејќи детергентите се продаваат рефус, купувачите може да си донесат сопствен сад или шише или да купат во продавницата.

Од Жабац велат дека имаат вработено лице со инвалидитет кое работи на овој апарат по четири часа во денот и им помага на купувачите при негово користење.

Според Марио Жамбоки, косопственик на овој аутлет за храна, овој начин на продажба на детергенти без амбалажа придонесува за зачувување на животната средина. Целта на апаратот е тоа што купувачите доаѓаат со сопствена амбалажа во којашто може да го наточат детергентот по поволна цена.

Купувачите од апаратот може да купат: средство за миење садови, омекнувач, детергент за перење алишта, универзално средство, средство за одржување на санитарии, како и средство за чистење стакло.