Хрватска: Бродосплит ќе прави дополнителни 22 брани за спас на Венеција

19

venecija

Хрватската компанија Бродосплит потпиша договор за дополнителни 22 челични брани за Венеција вреден 70 милиони евра, пишува хрватски Лидер.

Договорот, по спроведениот меѓународен тендер, е потпишан со компанијата Costruzioni Moze Arsenale (COMAR).

Од компанијата велат дека станува збор за еден од најголемите градежни проекти во историјата на Италија, вреден над седум милијарди евра, во којшто е предвидено поставување на вкупно 78 брани. Бродосплит ќе испорача вкупно 63 брани коишто опфаќаат 20.000 тони вграден челик со вкупна вредност, заедно со работна рака и логистика, над 70 милиони евра.

Бродосплит ќе испорачува брани што се дел од заштитниот систем составен од низа мобилни брани коишто се способни да ја затворат лагуната на Венеција од Јадранското море, кога плимата ќе надмине од 110 сантиметри до максимални три метри.