Хрватска доби онлајн платформа за спојување на возачи и сопатници – AutoHop

19

hr

Во Хрватска неодамна започна со работа AutoHop, онлајн платформа за спојување на возачи со слободни места во автомобилите и патници на исти релации. За два месеци, преку сервисот се направени преку 20.000 договори за заедничко патување. AutoHop на возачите им нуди можност за заштеда на трошоци за патувањето, а патниците добиваат покомотна, пофлексибилна и поповолна алтернатива од возење со возови или автобуси, пишува Пословни дневник.

Поделбата на превоз, односно ridesharing не е непознат концепт во Хрватска. Досега за пронаоѓање на возач или сопатник се користеа разни форуми, огласници, групи по социјалните мрежи, но не постоеше единствено место на кое патниците и возачите би се наоѓале брзо и транспарентно. На оваа платформа корисниците пополнуваат профил во кој можат да наведат и која музика сакаат да ја слушаат, дали сакаат да разговараат додека се возат, а возачите мораат да наведат податоци за автомобилот. Можат да дознаат повеќе едни за други, да се слушнат по телефон пред да тргнат на пат, да видат дали имаат заеднички пријатели по социјалните мрежи. Возачите и патниците се оценуваат меѓу себе, па лесно можат да проверат со кого ќе се возат.

AutoHop во Унгарија постои од 2012 година, на почетокот на 2014 година се прошири на Романија, а од ова лето и во Хрватска и Србија.