Хрватска преку измени на Законот за данок на приходи, ги ослободува од данок премиите на дополнителното здравствено осигурување, стартувајќи од први јануари 2020 година.
Работодавецот ова осигурување го плаќа во полза на работникот кој работи или пак кој е ангажиран со договор за вработување на определено време во компанијата.
Со оваа измена се овозможи работодавците да им понудат договор за доброволно здравствено осигурување, а со тоа и да ги остварат правата за здравствена заштита на вработените, а и полиси за доброволно здравствено осигурување со услуги за рендген, магнетна резонанца, компјутерска томографија и други услуги до кои тешко стигнуваат хрватските граѓани. Исто со ова ќе се добие список за дополнителни лекови со листа од 850 различни видови медикаменти.