
Годишната стапка на инфлација во Еврозоната во септември изнесуваше 2,2 проценти, во споредба со два проценти во август, објави во петок Евростат, европскиот завод за статистика.
На годишно ниво, таа стапка изнесуваше 1,7 проценти.
Во Европската Унија, годишната инфлација достигна 2,6 проценти во септември, додека еден месец претходно изнесуваше 2,4 проценти. Една година претходно, стапката беше малку пониска, поточно 2,1 процент.
Најниски годишни стапки се забележани во Кипар (нула проценти), Франција (1,1), Италија и Грција (и двете по 1,8 проценти).
Романија (8,6 проценти), Естонија (5,3), Хрватска и Словачка (и двете по 4,6 проценти) имаат најмногу.
Во споредба со август, годишната инфлација се намали во осум земји-членки, остана стабилна во четири и се зголеми во петнаесет.
Во септември, најголем придонес кон годишната стапка на инфлација во еврозоната имаа услугите (1,49 процентни поени), по што следуваа храната, алкохолот и тутунот (0,58) и неенергетските индустриски стоки (0,20 процентни поени).











