Хрватска: Една година затвор за враќање на километржа на автомобил

78

За оние кои се занимаваат со враќање на километража на автомобили стигнуваат лоши вести, а за сите останати одлични, но во Хрватска. Имено, судовите во Хрватска изрекуваат затворски казни за оваа противзаконска и казнена дејност, пишува Hak Revija.

Општинскиот суд во Вировитица минатиот месец донел пресуда со која на лицето за кое е откриено дека враќало километри на автомобилот кој го продал, одредила казна затвор од една година. Казната ќе биде условна, ако осуденото лице не изврши ново казнено дело во наредните три години.

Според пресудата, лицето лажно рекламирало продажба на возилото со одреден број километри иако знаело дека автомобилот поминал многу повеќе. Сопственикот го продал автомобилот Audi A4 2.0 TDI за 5.500 евра, спуштајќи ја километражата на 250.000 иако знаел дека автомобилот патувал повеќе од 300.000 километри.

Купувачот ја платил целосната откупна цена, а четири дена по купувањето се случи скап дефект и клопчето почнало да се одмотува. Судот утврди постоење на кривично дело измама (за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години), како и постоење на кривично дело фалсификување.

Преседанот на општинскиот суд Вировитица би можел да стави крај на лошата пракса со враќањето километри.

Фото: Pixabay