Хрватска Fina преку СМС ќе известува дали некое возило е под хипотека

31

koli

Агенцијата за финансиско посредување во Хрватска, Fina, воведува нова услуга под името Fina info Šasija. Услугата подразбира примање информации во реално време за товарот на сите возила од Регистарот на заложени предмети во Хрватска преку мобилен телефон, 24 часа дневно, седум дена во неделата, 365 дена во неделата, пишува Пословни дневник.

Сите лица, кои при купување автомобил на старо сакаат да проверат дали возилото е под хипотека, можат да пратат само една СМС порака. Во пораката треба да се наведе бројот на шасијата на автомобилот, за кој е потребно да се провери дали е запишан во Регистарот. Бараната информација за многу брзо време се испраќа на мобилниот телефон на корисникот на услугата.