Хрватска Фортенова група за 615 милиони евра продава сегмент на замрзната храна

24

Хрватска Фортенова група за 615 милиони евра го продава сегментот на замрзната храна, што се состои од неколку компании, меѓу кои се Ledo plus d.o.o и Frikom, како и неколку помали поврзани друштва, пренесуваат хрватските медиуми.

Вредноста на трансакцијата е 615 милиони евра во готово, а планирано да биде реализирана во третото тримесечје од оваа година.

Според ХРТ, Nomad Foods ќе биде новиот сопственик на сегментот за замрзната храна под “капата“ на Фортенова група, што опфаќа водечки локални брендови на замрзната храна што лесно се препознаваат меѓу потрошувачите во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и други земји од Југоисточна Европа. Станува збор за сегмент што има 50 години традиција за производство и дистрибуција на сладолед и замрзната храна.

Фото: Pexels