Хрватска ги „одмрзнува“ цените на горивата

56

Поради стабилизирање на цените на горивата на светскиот пазар, Владата на Хрватска донесе одлука за одмрзнување на цените на горивата, што стапува на сила од утре.

Согласно одлуката на Владата на Република Хрватска, а на предлог на министерот за економија и одржлив развој Томислав Ќориќ, беше укината одлуката за лимитот на највисоката цена на нафтените деривати на дистрибутерите кои работат во Хрватска.

„Благодарение на навремената акција, го запревме влијанието на цените на горивата врз граѓаните и претприемачите и денеска ќе ја укинеме таа одлука“, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На владината седница беше истакнато дека од одлуката за ограничување на цените, цените паднаа на светските берзи, а отсега трговците ќе можат слободно да ги одредуваат цените, без досегашната граница од околу 11 куни (1,46 евра).