Хрватска ги ограничи цените на горивата на 30 дена

108

Хрватската влада донесе уредба според која трговците на нафтени деривати во наредните 30 дена може да продаваат бензин за најмногу за 1,47 евра за литар, а дизелот по 1,46 евра.

“Имајќи го предвид тековниот економски момент, непредвидливоста на цените на нафтата на светскиот пазар и влијанието на цените на горивата врз целокупната економска активност и животниот стандард на граѓаните, со цел непречено понатамошно економско закрепнување, Владата одлучи да ја искористи можноста за стабилизирање на цените на бензинот врз основа на Законот за пазар на нафта и нафтени деривати“, рече премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.

Не е дозволено да се наплатуваат такси или други трошоци што не се пропишани со Уредбата или со други посебни прописи за највисоката малопродажна цена на нафтените производи, рече министерот за економија и одржлив развој Томислав Ќориќ.