Хрватска ги ограничи цените на горивата, освен на автопатиштата

54

Хрватската влада утринава на одржаната седница донела одлука за нови мерк за цените на горивата.

На сите бензиски пумпи, освен на оние кои се на автопат, од утре цените на горивата се фиксирани.

Литар дизел е 13,08 куни (1,74 евра), а бензинот 13,50 куни (1,80 евра).

На автопатиштата цените на горивата растат, па така литар дизел е 13,57 куни, (1,81 евра), а Евросупер 95 – 14,06 куни (1,87 евра) .

-Одлучивме повторно да интервенираме. Ги фиксираме односно ограничуваме сегашните цени на сите бензински пумпи, освен на тие кои ќе наоѓаат на автопат. Таму ќе има раст на цената, изјави Пленковиќ.