Хрватска ги претстави евро монетите, една е со ликот на Тесла (Видео)

На денешната седница на хрватскиот Националнен совет за еврото беа претставени избраните дизајни од националната страна на хрватските монети на еврото и цент.

„Кога Хрватска ќе ги усвои евро-монетите, тие ќе имаат дизајн на мотиви што ќе ја претставуваат Хрватска“, рече Пленковиќ на почетокот на седницата.

„Најмногу гласови доби ликот на Никола Тесла. Избраните мотиви се шаховница, географска карта, куна, Никола Тесла и глаголица“, рече тој.

На монетата од две евра ќе има географска карта, на едно евро куна, за 50, 20 центи Никола Тесла, а на помали апоени ќе биде глаголицата.

Прворангираните предлози беа прифатени и од Советот на Унијата, рече премиерот и им честиташе на авторите Иван Шивак, Стјепан Прањковиќ, Иван Домагој Рачиќ и Маја Шкрипељ, пренесува Дневник.хр.

Гувернерот на Хрватската народна банка (ЦНБ), Борис Вујчиќ, ќе им додели награди на авторите на најуспешните решенија за дизајн на хрватските евро-монети.

За разлика од евро банкнотите, кои се исти кај сите членки на еврозоната, монетите во евра и центи носат информации од земјата што ги издала и на задната страна ги покажуваат националните симболи на таа земја.