Хрватска и Финска воведуваат дигитален пасош

Хрватска и Финска се првите членки на ЕУ кои развија проект за дигитални патни исправи, пишува порталот „Пословни“.

Дигиталниот пасош на граѓаните им овозможува побрзо и попријатно патување при преминување граница и тоа сето тоа преку мобилна апликација и користење посебни излези на граничните премини.

На граѓаните веќе им е понудена, како дел од презентациите, можност да ја преземат мобилната апликација и да истражат како ќе изгледа патувањето во иднината. Ова решение ќе им овозможи на патниците да го најават својот граничен премин преку мобилна апликација и да користат специјални излези на граничните премини.

Во првата фаза од тестирањето, услугата ќе биде достапна на сите „андроид“ телефони.