Хрватска има нов план за туристи – “Хрватски острови – зони без ковид“

138

Хрватското Министерство за туризам објави дека ја започнало кампањата “Хрватски острови – зони без ковид“, така што посебни информации за епидемиолошката состојба на островите наскоро ќе бидат достапни за туристите на веб-страницата www.safestayincroatia.hr

Во пресрет на туристичката сезона, Министерството за туризам и спорт дополнително ги интензивираше своите активности и во соработка со Хрватскиот институт за јавно здравство ја започна акцијата “Хрватски острови – зони без ковид“. Затоа, на веб-страницата www.safestayincroatia.hr, покрај информациите за епидемиолошката состојба по окрузи, туристите наскоро ќе имаат пристап до посебни информации за епидемиолошката состојба на нашите острови.

Министерката за туризам и спорт, Николина Брњац истакна дека важноста на островите за туризам е исклучително голема, бидејќи четвртина од туристичките ноќевања во Хрватска се реализираат на островите, а престојот на туристите на островите е два дена подолг отколку на копното туристички центри.

Фото: Pixabay