Хрватска: Инфлацијата во октомври забави на 5,8 отсто

10

Стапката на инфлација во Хрватска, мерена преку индексот на потрошувачките цени, во октомври забави на 5,8 отсто на годишна основа, објави ДЗС, што претставува најниска стапка на инфлација од минатиот јануари. Државниот завод за статистика (ДЗС) ја објави првата проценка на индексот на потрошувачките цени, според која во октомври стапката на инфлација изнесува 5,8 отсто во однос на октомври 2022 година, додека во однос на претходниот месец, односно септември годинава, таа беше повисок за 0,4 отсто.

Станува збор за значително забавување на растот на потрошувачките цени на годишна основа, имајќи предвид дека во септември инфлацијата изнесуваше 6,7 отсто. Стапката од 5,8 отсто е најниската стапка на инфлација од јануари минатата година кога изнесуваше 5,7 отсто.