Тројца млади иноватори од Осиек, Хрватска, создадоа паметен мултифункционален туш што може да се постави било каде под услов да има извор на вода. Smart Shower Loops работи на соларна енергија, сам ја грее водата, има интернет, музика, светло. Младите иноватори Матиас Кнежевиќ, Кристијан Горупиќ и Нико Јелеч веќе имаат неколку нарачки, а се надеваат дека до следното лето ќе се користи и на плажите на Јадранот, пишува Sib.rtl.hr.
Прототипот го направиле во сопствениот двор, а за тоа им требале осум месеци. Најтешко им било сè да спојат да функционира како целина и да може да се одржува без присуство на човек.
Тушот чини 8.000 евра, а иноваторите работат на развој на помали, поевтини модели за семејни куќи и базени.