Хрватска искористила само 21,7% од европските фондови

evraХрватска успеала да искористи скандалозно малку пари од структурните фондови на ЕУ во периодот од 2007 до 2013 година, пишува Јутарњи лист.

Последните пресметки на Европската комисија за апсорпција на структурните фондови од овој период (изразено во исплати) покажуваат дека Хрватска успеала да искористи само 21,7%, додека најслаба меѓу членките е Романија, со двојно помал процент. Таквата мала искористеност на фондовите покажува дека Хрватска, и покрај постојаните предупредувања, не се подготвила доволно за користење на тие фондови. Просекот на искористеност на ниво на ЕУ е трипати повисок од хрватскиот, односно 67%.

По влегувањето во ЕУ, оперативните програми од претпристапните фондови (ИПА) се проширени и временски продолжени за да го покријат целиот период од 2007 до 2013 година, вклучувајќи ги и новите фондови. Поради тоа од 1 јули 2013 година, достапните фондови од претпристапните програми се сметаат за составен дел на структурните фондови. Според пресметката на ЕК, на Хрватска на располагање од програмата на кохезиската политика од 2007 до 2013 година и се ставени на располагање вкупно 815 милиони евра, од кои 449,4 милиони евра се однесуваат на периодот по членството во ЕУ.

Во следниот период од 2014 до 2020 година, Хрватска од структурните и финансиски фондови на ЕУ на располагање ќе има 10,423 милијарди евра.