Хрватска ИТ компанија доби инвестиција од 31 милион долари

33

Хрватската ИТ компанија Gideon Brothers се докапитализираше со 31 милион долари, коишто ќе ги искористи за забрзување на развој и комерцијализација на своите автономни мобилни роботи (AMR) коишто функционираат со вештачка интелигенција.

Докапитализацијата ја предводеше Koch Disruptive Technologies (KDT), фонд за ризичен капитал на групацијата Koch Industries, којашто е најголема американска мултинационална корпорација во приватна сопственост со годишни приходи од 115 милијарди долари.

Gideon Brothers обезбеди неколку инвестиции во претходните години. Станува збор за инвестиција од 765.000 долари во 2018 година и 2,65 милиони евра, пренесува Netokracija.

Хрватската компанија се занимава со производство на автономни роботи, а ја основаше Матија Копиќ, кој претходно го основаше и продаде стартапот Farmeron.

Фото: Pexels