Хрватска ќе мора да увезе дури 400.000 странски работници

69

Поради намалувањето на бројот на работоспособното население, Хрватска ќе мора да донесе голем број работници од странство, предупреди гувернерот на Хрватската народна банка (ХНБ), Борис Вујчиќ.
Во однос на демографските движења, трендот е променет и имаме пад на бројот на работоспособно население, гувернерот потенцира дека тоа значи дека ќе треба да внесеме голем број работници од странство, но во плански и стратешки начин.

Вујчиќ вели дека се очекува намалување на населението во Хрватска, па ќе има недостиг од околу 400.000 луѓе, кои ќе треба да ги увеземе.

Во таа насока, тој нагласи дека Хрватска ќе мора да се подготви социјално, политички и економски, дека во иднина и во следната генерација ќе изгледа значително поинаку, во спротивно нема да има раст.

Мора да се подготвиме и дека ќе треба да работиме подолго, рече гувернерот на традиционалната, 31-ва консултација на Хрватското здружение на економисти за економската политика на Хрватска.

Според официјалните податоци од мај 2023 година, вкупниот број на вработени во Хрватска бил нешто повеќе од 1,6 милиони. Според пописот од 2021 година, во земјата живееле нешто помалку од 3,9 милиони луѓе. Имајќи ги предвид сите овие бројки, „увозот“ од 400.000 странски работници воопшто не е безначајна бројка.