Хрватска ќе основа нова државна нафтена компанија

23

naftaХрватската влада наскоро го праќа во процедура законот за јаглеводороди, според кој државата ќе може да основа нова нафтена компанија, пишува Вечерњи лист.

Новото државно претпријатие би било клучно тело за технички и стручен надзор над концесионерите за експлоатација на нафта и гас.

Со основањето на нова компанија, Хрватска би вратила дел од своите овластувања да располага со тие богатства што ги изгуби со недоволно подготвената приватизацијата на Ина.

Исто така, новата државна нафтена компанија би требало активно да учествува и во други работи врзани за овој сектор, како што е воспоставување на единствена база на податоци за досегашните истражувања и експлоатација на домашни рудни богатсва, каква што денес не постои.

Основањето на нова државна фирма би можел да биде и прв чекор кон повторно окрупнување на стручноста во нафтениот сектор под капа на државата и вистинска либерализација на тој сегмент од економијата.

Законот во хрватскиот Сабор треба да се најде во март.