Хрватска компанија нуди работа за “спанковци“

23

perfecta dreams naslovna

Додека сите размислуваме која е нашата идеална работа, некои компании од регионот веќе и ја нудат. Хрватската компанија Perfecta Dreams за продажба на душеци, кревети и дополнителна опрема за потребите на здравото и квалитетно спиење отвора работно место “спанко“.

Во отворениот оглас, компанијата бара две лица кои ќе имаат промотивна работа како спанковци, а целта ќе им биде да ги тестираат нивните кревети.

“Доколку сакаш да спиеш и сметаш дека спиењето како работа е одлична професија за тебе, пријави се на овој конкурс“, стои во отворениот оглас.

Во профилот на идеалниот спанко, меѓу другите карактеристики, стои дека кандидатот треба да сака да спие, да има Facebook профил, да има комуникациски и промотивни вештини, да сака предизвици, да сака неформално работно опкружување, да сака да се забавува или одмора на работното место…