Хрватска компанија разви паметен клима уред, работи на проект паметен дом

59

msan

Хрватската ИТ компанија M SAN група ја претстави првата серија паметни апарати за домаќинство кои влегоа во масовно производство. Станува збор за Vivax паметни клима уреди, со кои може да се управува преку апликации на iPhone и на Andorid мобилни телефони или таблети. Според Владимир Бркљача, шеф на Vivax одделот, M SAN група планира во наредниот период во мрежен систем да поврзе и други апарати од домаќинството и работи на сопствен проект на паметен дом, пишува Пословни дневник.

Во Vivax климите е вграден Wi-Fi систем и друга технологија која овозможува управување од далечина, како и низа други информации. Корисниците преку мобилните телефони освен што можат да ја подесуваат, можат и да ја следат моменталната температура во станот, надворешната температура, брзината на работата на вентилаторите. Апликацијата поддржува управување со неколку клима уреди во исто време.