Хрватска комплетно ја менува стратегијата за туризам

13

hrХрватската туристичка заедница (ХТЗ) ќе донесе нов Стратешки маркетиншки план, кој наскоро би требало да биде усвоен, а кој ќе го дефинира новиот туристички идентитет на Хрватска. Може да се очекува слоганот “Медитеранот каков што некогаш беше” да замине во историјата, а ХТЗ да изгради нова брендинг стратегија, пишува Глас Славоније.

Во првата фаза ќе се пристапи кон изработка на нови креативни решенија за сите клучни комуникациски канали, па може да се очекува поинакви реклами, спотови, брошури, мултимедија, банери и друго. Во втората фаза ХТЗ преку јавен повик ќе одбере креативна агенција која ќе ја дефинира идејата, врз основа на која ќе се изработат нов логотип, слоган и друго. Овогодишната туристичка сезона ќе се одработи со старите слогани, додека меѓународното лансирање на новата брендинг стратегија ќе биде во ноември во Лондон, на туристичката берза WTM 2014.