Хрватска: Крај за вработување „преку врски“- државните службеници ќе ги избира алгоритам

203

Хрватскиот министер за правда Иван Маленица реши да го прекине вработувањето „преку врски“ во јавната администрација, па објави тендер за набавка на опрема со која целосно ќе се дигитализира овој процес, што практично значи дека во иднина кандидатите за државни службеници ќе бидат избрани од робот.

Според загрепскиот Јутарњи лист, за тендерот веќе се пристигнати девет понуди.

Владата одлучи со 10,9 милиони куни, без ДДВ, да набави програма која, едноставно кажано, по случаен избор „исфрла“ прашања и ќе избира најдобри кандидати според однапред дефинирани критериуми.

– Целта на проектот е да се воспостави пообјективно и потранспарентно вработување, засновано на реални потреби и обезбедени финансиски средства, што ќе обезбеди вработување на најдобрите и најкомпетентните кандидати и на тој начин ќе придонесе за подобрување на ефикасноста на јавната администрација и зголемување на насоченоста на потребите на корисниците, се вели во тендерската документација.

Се наведува и дека изборот ќе се врши централизирано, преку онлајн тестирање, „со што ќе се обезбеди објективност и транспарентност на постапката за избор на кандидати“, пишува Јутарњи.