Една од поголемите фарми за магариња во овој дел од Европа се наоѓа во Далмација, Хрватска. Фармата успева да произведе до четири литри млеко дневно, а според конзументите, магарешкото млеко е многу ефикасно против настинки и болести на белите дробови, јавува ХРТ.
По составот е најслично на мајчиното млеко. Официјалната медицина нема коментар, но за нутриционистите, иако нема научни докази, има искуства. Она што е важно е што млекото содржи ензим лизозим, за кој се знае дека има антибактериско дејство, јавува ХРТ.